| |
Говорни Услуги
Меѓународна телефонија
АКТОН комуникации Ви овозможува услуги за меѓународна телефонија со највисок квалитет. Ви нудиме високо квалитетни и рентабилни повици кон сите мобилни и фиксни мрежи во држави во Европа и светот, особено во земјите покриени со нашата мрежа.
Имплементираната висока технологија за услугата за меѓународна телефонија, со целосна ISUP SS7 способност, Ви гарантираат дека вашиот говорен сообраќај ќе помине низ нашата мрежа со гарантиран висок квалитет.
Ценовник....
Општи Услови.... 
Загарантиран квалитет
Услугата за меѓународна телефонија се нуди преку сигурната SDH инфраструктура со 24/7 тестирање и набљудување на параметрите на квалитет како што се ASR, ABR, NER, PDD и други.
Предности
Добивате еден сигурен телекомуникациски партнер, најдобар квалитет, конкурентни цени, централизирана услуга за нарачки, понуда, наплата и грижа за корисници. Нашето присуство низ целиот балкански регион нe прави најфлексибилниот партнер што може да го најдете.
Избор на оператор
Изборот на оператор (CS) им овозможува на нашите корисници да ги пренасочат повиците преку говорната мрежа на АКТОН и да уживаат висок квалитет, поддршка и намалени тарифи кон речиси сите земји во светот без да ја менуваат постоечката опрема и телефонска линија. Едноставното решение ви овозможува да избегнете дилери и реконфигурации на PBX.
Едноставна и брза имплементација
Имплементацијата е едноставна и брза, без нарушување на вашата организација. Погодна за секакви локации и нивоа на сообраќај, од домашни бизниси до големи корпорации, CS ви ја дава флексибилноста да изберете кои повици би сакале да ги пренасочите.
Главни карактеристики на CS
Бесплатна имплементација:
Поврзувањето е бесплатно и без трошоци за инсталација, изнајмување или „скриени додатоци“. Корисникот плаќа само за повиците.
Конкурентски цени:
Конкурентските и јасни услови се конкретни и лесни за разбирање. Јасно ги дефинираме нашите тарифи и ви овозможуваме да ги искористите конкурентните цени од палетата на опции за повик.
Сигурност:
Без кодови за префикс, повикувачи или програмирање на PABX, CS ви гарантира дека повиците ќе бидат пренасочени преку нашата мрежа 24/7/365 без прекини и проблеми. |
|