| |
ИП услуги
Интернет бизнис решенија
Нашите Интернет бинис решенија се скроени за излегување во пресрет на потребите на нашите корисници
Интернет Бизнис решението на АКТОН е квалитено, безбедно, сигурно и флексибилно решение за вашите Интернет потреби.
Современата мрежа нуди обликување на сообраќајот и гаранција на оптимални перформанси на мрежата - во поглед на многу висок сооднос на испорака на податоци, многу ниска латенција (или „повратна транзитна отстапка“) и минимална варијација во латенција (или „тресење“).
Комбинацијата на овие параметри го обезбедува неопходниот „Квалитет на услугата“ за потребите на домашните и деловните корисници.
Интернет Бизнис решенијата на АКТОН имает повеќе степени на безбедност, вклучувајќи и физичко POP обезбедување, строги побарувања за автентикација и разделување на сообраќај. Безбедноста е во целост во рацете на нашиот персонал со помош на најновите производи достапни на пазарот.
Нашите главни карактеристики
- Разновидни безбедносни сценарија, вклучувајќи мрежни и локациски сценарија, апликациски и лични firewall-и, создадени за максимални перформасни и деловен континуитет.
- Флексибилна наплата
- Опција за менаџиран рутер кај корисникот
- Одредување и распределба на регистрирани IP адреси
- Ко-локација на опремата, менаџираните сервери, системи за чување на податоци или Интернет пристап со firewall.
- Посебни видови на услуги за специфични апликации со различни мрежни потреби (говор и видео преку IP).
Меѓународен интернет транзит (IP transit)
Услугата е создадена за сите деловни корисници или оператори, кои бараат високо квалитетно меѓународно транзитирање на Интернет. Интернет транзитот (IP transit) е една од нашите големопродажни услуги со високи перформанси. Способни сме да доставиме сигурен, надградлив и рентабилен капацитет од 2Mbps па сe до 155Mbps.
Гаранција за квалитет
IP мрежата на АКТОН е подготвена за понуда на услуги создадени за оптимизација на податоци, видео, соработка, апликации за пренос на глас преку интернет или интегрирање на традиционални услуги, како што е пренос на говор преку TDM, во платформа од следна генерација.
Интернет мрежата е целосно оперативна и заштитена во точките на присуство низ Балканската мрежа. Нашиот Центар за оперирање со мрежата ги набљудува сите поединечни услуги на нашите корисници и со 24/7/365 корисничка поддршка со висок квалитет, ќе ја имате најдобрата поддршка до сега.
Како давател на податочни услуги, АКТОН комуникации има директна STM-1 врска од Скопје до Франкјфурт, а потоа и до Interxion во Виена, каде имаме наши соспствени PoP-ови. Oттаму сме директно поврзани со Vienna Internet eXchange сервис-от (VIX) како и во Франкфурт со Ancotel, преку 3 различни извори на влезни врски за Интернет:
- Т-Com (100 Mbps во Виена)
- C&W (1 Gbps во Виена) и
- Telemach (100 Mbps во Љубљана)
со кои врски обезбедуваме редундантност вкупниот влез.
IP VPN услуги
Меѓународни IP VPN услуги скроени за корисници со потреба од екстремно безбедни и рентабилни меѓународни IP врски помеѓу самиот Јадрански (Балксански) регион и останатиот дел од светот.
IP VPN услугата е мрежно решение за сите корисници, без разлика дали имате мала компанија со две локации или голема корпорација.
Интелигентни IP мрежни решенија
IP мрежните решенија на АКТОН ви ја нудат безбедноста и сигурноста на приватна мрежа, но се исто така флексибилни, надградливи и рентабилни. Ние ви овозможуваме да се фокусирате на вашиот бизнис и постигнувањето на успеси. |
|