| |
Говорни Услуги
Меѓународна телефонија
АКТОН комуникации Ви овозможува услуги за меѓународна телефонија со највисок квалитет. Ви нудиме високо квалитетни и рентабилни повици кон сите мобилни и фиксни мрежи во држави во Европа и светот, особено во земјите покриени со нашата мрежа.
MPLS
АКТОН со гордост го претсавува ПРВИОТ интернационален MPLS со QoS решение на бившите југословенски простори.
Летото 2008 АКТОН ја претстави новата услуга Multi-Protocol Label Switching на бившите југословенски простори, со првите комерцијални корисници од есента истата година. Новата технологија помогна да АKТOН ја подобри својата врска со подобрена безбедност, побрзо рутирање и подобра искористеност на ресурсите кои ги поседува.
IP услуги
Интернет бизнис решенија
Нашите Интернет бинис решенија се скроени за излегување во пресрет на потребите на нашите корисници
Интернет Бизнис решението на АКТОН е квалитено, безбедно, сигурно и флексибилно решение за вашите Интернет потреби.
Современата мрежа нуди обликување на сообраќајот и гаранција на оптимални перформанси на мрежата - во поглед на многу висок сооднос на испорака на податоци, многу ниска латенција (transit delay) и минимална варијација во латенција (jitter).
Интернет Бизнис решенијата на АКТОН имаат повеќе степени на безбедност, вклучувајќи и физичко POP обезбедување, строги побарувања за автентикација и разделување на сообраќај. Безбедноста е во целост во рацете на нашиот персонал со помош на најновите производи достапни на пазарот.
Закуп на капацитет
Мрежни услуги за закуп на капацитет
Јадранската (Балканска) мрежа е создадена за да ви излезе во пресрет на сите ваши потреби за закуп на капацитет во регионот и пошироко. Квалитетот и сигурноста од секогаш биле нашата најважна грижа.
Нашите корисници уживаат нарачки, снабдување, одржување, наплата и техничка поддршка од единствен извор на голем бизнис регион... Ваквата контрола на достава на услуга гарантира дека сме способни да ги понудиме највисоките степени на достапност на услуга, менаџмент и вредност.
AKTON web2sms
АКТОН Web2sms услугата овозможува праќање СМС пораки до голем број на примачи, независно од тоа на која мобилна мрежа (оператор) се истите, што е и една главна карактеристика на системот покрај безбедноста и гаранцијата за доставата на испратените СМС пораки до примачот. Најновиот наш сервис кој ќе Ви дозволи да испраќате известувања, предупредувања, информации од секаков карактер до Вашите клиенти и соработници сето тоа преку интересна веб базирана алатка која воедно е лесна и интересна за користење.
Server Housing
Услугата Server Housing овозможува на компаниите кои имаат сопствени сервери, на кои им е потребно квалитетно поврзување со Глобалната мрежа. Без оглед на типот на сервисот, ако Ви е потребна достапност од секаде и во било кое време, ви нудиме одлични можности за ваков тип на услуга
GRX
Решение за брза имплементација е поврзување на вашата мрежа со GPRS Roaming eXchange (GRX), што го овозможува натамошниот светски роаминг со мобилни Интернет услуги.
Опширна роаминг способност за мобилни оператори на полето на целиот јадрански регион
АКТОН GRX е достапен низ целиот свет и нуди операторски пристап до преку 150 мрежи, што се постигнува преку директен пристап на GPRS операторите, како и со опширен peering со други GRX мрежи
Останати Услуги
Добавувачи на дополнителни услуги
АКТОН бргу се развива во Прв избор на оператор за добавувачите на дополнителни услуги. Нашето портфолио на услуги е создадено за поддршка на највисоките степени на квалитет и обезбедување на флексибилност во иднината, како што е поддршка на опции за повеќекратен пристап, сигнализациски протоколи и нови говорни понуди.
|
|