ПОЧЕТОК ЗА НАС ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ПОДДРШКА ВЕСТИ И НАСТАНИ СМЕТКА КОНТАКТ
   
 
.net .rs .ba .hr .si
  Вести и настани

 


Промоција на нови продукти

20 Јануари, 2008:
Актон Комуникации промовира 2 нови Сервиси - Akton Internet Solution, Akton Line Service

Компанијата АКТОН комуникации, од денеска се наметнува како еден силен и доверлив телекомуникациски партнер на бизнис заедницата во Македонија.

Имено, како што најавивме претходната година, воведуваме 2 нови продукти, специјлано димензионирани кон нашите сегашни и идни бизнис корисници.

  • ALS – АKTON Link Service – услуга на Изнајмен меѓународен дигитален вод. Услуга која користи врвни технолошки решенија (IPLC – International Private Leased Circuits) и сопствени меѓународни капацитети на АКТОН групација, и која Ви овозможува најсигурна, брза и стабилна врска меѓу Вашите локации ширум Балканскиот регион.
  • АIS – AKTON Internet Solution - Интернет бизнис решение, вклучува дедициран симетричен интернет пристап, со максимална достапност, кој ќе ги задоволи потребите за доверлив и квалитетен сервис.

Со овие услуги, АКТОН се повеќе се специјализира за обезбедување на услуги во меѓународен пренос на податоци, во Македонија и во сите земји од Балканскиот регион.


Поставена нова backbone врска Скопје - Франкфурт

5 Декември, 2007:
Воспоставена е нова backbone врска Скопје – Франкфурт, преку STM-1 дигитален линк, со капацитет од 155 Мbps.

AКТОН Комуникации, како “ќерка” фирма на групацијата АКТОН, од денес стана и нов составен член на backbone мрежата на АКТОН.

Воспоставена е нова backbone врска Скопје – Франкфурт, преку STM-1 дигитален линк, со капацитет од 155 Мbps. Овој линк претставува основа за меѓународно поврзување на Македонија со земјите од нашето окружување, преку постоечката backbone мрежа на АКТОН, како и со Европа и светот.

Преку овој линк, се поврзуваме и до Interxion во Виена, со наш соспствен PoP. Oттаму сме директно поврзани со Vienna Internet eXchange сервис-от (VIX) како и во Франкфурт со Ancotel. Овие точки ги користиме како различни извори на влезни врски за Интернет и на тој начин обезбедуваме редундантност на целокупниот Интернет.

Со ова најново поврзување, групацијата AKTOН сега има сопствени точки на присутност (Point-of-Presence), кои се меѓусебе дигитално поврзани, во сите држави каде работиме, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.


Актон комуникации има нуди нови поволности за своите корисници

1 Октомври, 2007:
АКТОН комуникации од овој месец почнува со наградување на сите свои корисници кои редовно ги подмируваат своите сметки.

За сите корисници кои од почеток на годината редовно си ги плаќаат сметките, ќе добијат наградни бесплатни минути за користење на нашата услуга.

Искрено Ви благодараиме за досегашната доверба и лојалност кон нас и нашата услуга.

Вие сте причината за нашето постоење,

Очекувајте нашите менаџери за продажба наскоро да Ве контактираат

Срдечен поздрав од,
тимот на АКТОН Комуникации


Актон комуникации прослави една година активна работа

15 Јуни, 2007:
АКТОН комуникации, од 01.Јуни.2007 год., по повод 1 година од успешно работење, ги наградува своите корисници со НАМАЛУВАЊЕ на цените за одредени дестинации.

Имено на 20.Мај.2006 год. беше генерирана првата понуда на услугата за меѓународна телефонска комуникација и тој момент симболично беше означен како почеток на активната работа на АКТОН, како алтернативен оператор.

Денес, една година после успешниот старт, моменталната позиција на пазарот на АКТОН комуникации е следната:

- Имаме интерконекции со сите јавни оператори во Република Македонија:
АД Македонски телекомуникации, Т-Мобиле и Космофон и со сите активно работиме,
- Имаме над 300 бизнис корисници на услугата за меѓународна телефонска комуникација,
- По бројот на реализирани минути сме лидер на пазарот на алтернативни оператори.

Главна цел на тимот кој работи во АКТОН беше и сеуште е да ја приближи својата услуга и својата компанија до своите корисници (претставници на бизнис деловната заедница во Македонија), со единствена крајна цел, АКТОН да стане синоним за телекомуникациска компанија која мисли и постои за своите корисници.


Актон комуникации потпиша интерконекциски договор со АД Македонски телекомуникации

29 Декември, 2006:
АКТОН комуникации потпиша интерконекциски договор со АД Македонски телекомуникации, и со тоа го исполни предусловот за воведување на национални и меѓународни фиксни телефонски разговори

Со особена гордост можеме да објавиме дека АКТОН комуникации, после 6 месеци од својата работа со активно нудење на телекомуникациска услуга – меѓународна телефонска комуникација, кој како сервис препознатлив по својот квалитет, стана единствена алтернатива на постоечкиот монополски сервис на Македонски Телекомуникации, конечно премина во нова фаза од својот сопствен развој. Имено, АКТОН комуникации, на 29.12.2006 год. потпиша интерконекциски договор со АД Македонски телекомуникации, и со тоа го исполни предусловот за воведување на национални и меѓународни фиксни телефонски разговори. Од почетокот на оваа година интензивно работиме на имплементирање на Интерконекцијата, и се надеваме за релативно кратко време, по конечното и долго очекувано намалување на интерконекциските цени од страна на АД Македонски телекомуникации, АКТОН комуникации на своите бизнис корисници како и на сите идни многубројни бизнис и резиденцијални корисници на телефонски услуги ќе им овозможи и понуди ВИСТИНСКИ квалитетен избор за фиксна телефонија.


Актон потпиша договор за интерконекција со Космофон

11 Септември, 2006:
Актон е првиот алтернативен телеком оператор во Македонија кој потпиша договор за интерконекција, прв од ваков вид за новите Оператори по либерализацијата на пазарот, со еден од постоечките оператори во Македонија

Актон е првиот алтернативен телеком оператор во Македонија кој потпиша договор за интерконекција, прв од ваков вид за новите Оператори по либерализацијата на пазарот, со еден од постоечките оператори во Македонија. Интерконекцијата е потпишана со мобилниот оператор Космофон и во моментов преку интерконекцискиот линк сообраќаат дојдовни разговори од странство наменети за корисниците на мрежата на Космофон. Актон со ова докажува дека сериозно настапува на пазарот на Електронски Комуникации во Македонија притоа запазувајќи ги сите потребни технички и законски норми. Во моментот Актон има голем број на деловни корисници кои ја користат услугата од Актон за телефонски сообраќај со странство. Покрај крајните корисници, Актон се надева дека како интерконекциски партнери во реализацијата на услугите од својата големопродажба ќе се најдат и останатите оператори во Македонија како што тоа го стори Космофон - компанија која што покажа најголем слух за либерализацијата на пазарот. Целта на Актон е што побргу да склучи договори за интерконекција со Македонски телекомуникации и со Т-Мobile, со што ќе биде во можност да понуди услуги за сите постојни корисници на телекомуникациски услуги во Македонија.


Актон започна со давање на Телекомуникациски услуги за меѓународни разговори

15 Мај, 2006:
Актон започна со давање на Телекомуникациски услуги за меѓународни разговори. Со ова бизнис корисниците во Македонија ќе добијат соодветна замена за скапите меѓународни разговори кои ги нудат Македонски Телекомуникации.

Квалитетот на услугата е она по што Актон се разликува од другите даватели на слична услуга. Можноста да се испрати Факс, да се синхронизираат податоци, презентација на повикувачкиот број и сл. ни да ва за право да кажеме дека сме достојна замена за услугите на МТ.


На телекомот ќе му конкурираат 13 оператори

12 Мај, 2006:
Превземено од Време, бр. 715 - Тринаесет фирми ќе му конкурираат на телекомот откако потпишале договори за пристап до мрежата на оваа компанија. Иако се регистрирани за давање различни услуги во фиксната телефонија и Интернет, се претпоставува дека засега, поради високите цени за интерконекција, алтернативните оператори ќе понудат само услуги во меѓународните разговори.

Во „Македонски телекомуникации“ информираа дека од повеќе од 80 компании што се нотифицирани во Агенцијата за електронски комуникации, досега биле потпишани договори со 6 фирми од Скопје, три од Охрид, две од Ресен и по една од Битола и од Струмица. Меѓу компаниите има и претставништва од поголеми странски фирми, каква што е „Актон“, која нуди телекомуникациски услуги на пазарите во речиси сите држави што произлегоа од поранешна Југославија.


Договор за пристап на мрежа со Македонски телекомуникации

25 Април, 2006:
Актон потпиша договор за пристап на мрежа со Македонски телекомуникации, со што се исполнија условите за давање на услуга кон крајните корисници за меѓународни разговори.

Со оваа услуга корисниците ќе добијат квалитетна и по цена прифатлива услуга, ќе бидат понудени сите дестинации а цените на услугите ќе бидат многу пониски од цените на Македонски Телекомуникации. Во просек заштедата ќе биде поголема од 50% кај сите дестинации кои се најчесто барани од Македонските корисници.


Интерконекција со Македонски Телекомуникации

21 Април, 2006:
Поднесено барање за Интерконекција и со Македонски Телекомуникации, со ова Актон само потврдува дека е цврсто решен да истрае на својата замисла и да ја оствари идејата за постоење на алтернативен Телеком провајдер во Македонија. Со ова корисниците би добиле можност дел од Телекомуникациските услиги да ги добиваат од друг Телеком оператор.

Главан цел на Актон е започнување со давање на услуги за корисниците преку активирање на Избор и Предизбор на оператор. Во ова во голема мерка компанијата зависи како од Телеком така и од Агенцијата за елекотронски комуникации. Правите придобивки на корисниците ќе се почуствуваат во моментот на стартување на ваквиот вид на услуги за корисниците.


Интерконекција со МобиМak

14 Април, 2006:
Актон поднесе барање до Мобимак за интерконекција, со што докажува дека е сериозен во својата намера да стане еден од поголемите алтернативни Телеком провајдери.


Прв алтернативен фиксен оператор во Македонија

3 Април, 2006:
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) му издаде на Актон национален и интернационален код за сигнализација.

Со ова Актон е првиот Оператор во Македонија кој е целосно спремен да направи интреконекции со останатите Оператори а со тоа и реално да биде прв алтернативен фиксен Оператор.


Нов GRX PoP во Македонија

8 Мај, 2005:
Актон дооел Македонија, ќерка на Актон доо Словенија, отвори нова точка на присуство (PoP) во Скопје, Мекедонија за опслужување на Мобилни оператори

Новиот PoP со тотално транспарентен Актон GRX сервис ни овозможува да нудиме брза и високо квалитетна услуга за пристап до GPRS роаминг за мобилните оператори во Јадранскиот регион до останатиот дел од светот. Мобилните оператори кои ќе се приклучат на PoP-от во Скопје ќе добијат GPRS роаминг со повеќе од 150 мобилни оператори ширум светот. Сервисот кој веќе е достапен во другите држави каде Актон има свое претставништво беше многу успешно поставен минатата година.


2008
2007
2006
 


Ул. Беласица бр. 2
1000 Скопје, Р.Македонија
Тел : + 389 2 3298 012
Факс : + 389 2 3298 011
E-mail: info@akton.com.mk