ПОЧЕТОК ЗА НАС ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ПОДДРШКА ВЕСТИ И НАСТАНИ СМЕТКА КОНТАКТ
   
 
.net .rs .ba .hr .si
  Продукти и услуги

 

Закуп на капацитет

Мрежни услуги за закуп на капацитет

Јадранската (Балканска) мрежа е создадена за да ви излезе во пресрет на сите ваши потреби за закуп на капацитет во регионот и пошироко. Квалитетот и сигурноста од секогаш биле нашата најважна грижа.

Нашите корисници уживаат нарачки, снабдување, одржување, наплата и техничка поддршка од единствен извор на голем бизнис регион... Ваквата контрола на достава на услуга гарантира дека сме способни да ги понудиме највисоките степени на достапност на услуга, менаџмент и вредност.


IPLC -Меѓународни приватни изнајмени кола
Kaко еден од најпрепознатливите и најатрактивни, за бизнис корисниците на АКТОН, се широкопојасни point to point врски (IPLC), или Изнајмени дигитални водови, а познати како – АLS  - Akton Link Service. Оваа услуга претставува исклучителна прилика за дигитално поврзување на сите мултинационални компании во Јадранскиот (Балкански) регион.
Надградливоста на нашата мрежа ни овозможува да поддржиме цел дијапазон на брзини од 64kbps до 155Mbps.

Услугата овозможува поголем број на важни бенефиции за оние што бараат сигурен и рентабилен меѓународен капацитет, како што се:

Висок степен на достапност
Услугата може да се постигне со пренасочување на End to End кола од 2 посебни точки на пристап (PoP) на АКТОН каде секоја патека е засебна. Сообраќајот оди по засебни патеки од локацијата на Корисникот преку Локалната инфраструктура до PoP на АКТОН, гарантирајќи некористење на заеднички централи или кабли. Во случај на дефект на едната патека, другата ќе продолжи да го пренесува целосниот товар на сообраќајот, без прекин.

Рентабилност
ALS услугата на АКТОН овозможува алтернатива за досегашните изнајмени линии, со што нашите бизнис корисници добиваат рентабилна услуга и конкурентска цена.

Покриеност
ALS услугите на АКТОН се достапни во целиот Јадрански (Балкански) регион, поточно во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, а преку нашиот PoP во Виена и со цела Европа.  

Сигурност
ALS услугите на АКТОН овозможуваат моќен, добро менаџиран и екстремно сигурен начин за комуникација меѓу сите филијали на мултинационалните компании...

Заштеда на трошоци
Преку користењето на ALS услугата на АКТОН, во комбинација со сите други услуги на АКТОН, добивате исклучително голема заштеда на Вашите оперативни трошоци...

Предности
Со користењето на АLS, добивате сигурен партнер, најдобар квалитет, конкурентски цени, централизирана услуга за нарачки, понуда, наплата и грижа за корисници. Нашето присуство низ целиот Јадрански (Балкански) регион нe прави најфлексибилниот партнер што може да го најдете.

 
Говорни услуги
IP услуги
Закуп на капацитет
GRX
Останати услуги


Ул. Беласица бр. 2
1000 Скопје, Р.Македонија
Тел : + 389 2 3298 012
Факс : + 389 2 3298 011
E-mail: info@akton.com.mk