ПОЧЕТОК ЗА НАС ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ПОДДРШКА ВЕСТИ И НАСТАНИ СМЕТКА КОНТАКТ
   
 
.net .rs .ba .hr .si
  За нас

 


АКТОН е основана во 1991 год. од приватни инвеститори. Од мала компанија со амбициозна и напорна работа и голем ентузијазам и посветеност на вработените, АКТОН прерасна во признаен меѓународен оператор на телекомуникациски услуги.

Компанијата го прошири своето присуство и делување во сите земји од Јадранскиот (Балкански) регион и со имплементација и управување со најнапредна и најсофистицирана мрежа во регионот, стана препознатлив телекомуникациски партнер на бизнис заедницата во целиот регион.  

АКТОН групацијата е единствениот присутен телеком оператор во следните држави: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Главни продукти на АКТОН групацијата се: меѓународни интернет и гласовни услуги, услуги на меѓународен закуп на дигитални водови (IPLC) и понуда на Интернет капацитети во сите земји во склоп на нашата мрежа.

АКТОН групацијата е уникатна со своите луѓе, визија, покриеност и искуство.

Актон ДООЕЛ во Македонија е основана во ноември 2005 год, како ќерка компанија на Актон ДОО – Словенија. Почетокот на комерцијалната работата на АКТОН во Македонија беше во мај 2006 год. на полето на говорните услуги, со услугата за Меѓународен телекомуникациски сообраќај, која за релативно кратко време постана синоним за меѓународна говорна комуникација за бизнис корисниците во Македонија. Растечката продажба на услугата за меѓународна говорна комуникација, набргу го доведе АКТОН на лидерско место во сегментот на алтернативни телеком оператори.
Во почетокот на оваа година, понудивме на бизнис пазарот во Македонија и Интернет бизнис решенија и Меѓународни дигитални поврзуваља – AKTON Link Service (ALS).

 
Нашите корисници
Нашата мисија
Нашите вредности
Нашата стратегија
Мрежа


Ул. Беласица бр. 2
1000 Скопје, Р.Македонија
Тел : + 389 2 3298 012
Факс : + 389 2 3298 011
E-mail: info@akton.com.mk